Скопјани се трујат, постои опасност од опаки болести, надлежните велат – следиме, па ќе видиме што ќе направиме

372

Скопјани се труијат, миризбата е крајно непријатна, а штетните честички ги вдиушваат сите. Но, надлежните не предупредуваат, нема никакви насоки, дали треба да се носат маски, да не се излегува на отворено. Едноставно, само „ја следат ситуацијата“.

Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување согласно со нивните надлежности.

-Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, во зависност од натамошниот тек на настаните, соопшти Министерството.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со пожарот се зафатени објекти на „Ф-Групација“ која се занимава со електронски отпад.

Пожарот кој избувнал по 13 часот го гасат шест противпожарни возила со над десет пожарникари, специјализирани возила и авион ер-трактор на ДЗС и два хеликоптера (од МВР и од АРМ).

Претходна вестМакедонија веќе е опасно место за живеење, тврди Венко Филипче
Следна вестФилипче: Крајно неодговорно е Владата да молчи во вакви случаи, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски