Загреб поразен во Битола, Пелистер со победа ја започна новата сезона во ЛШ

114

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со победа ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Загреб со 25:23 (13:12).

Битолчани одиграа одлично прво полувреме со комплетна контрола над играта и резултатот, кој само еднаш беше нерешен 1:1. На почетокот на вториот дел гостите подобро го почнаа полувремето и направија серија од 4-0 за водство од 16:14. Сепак „пелистерци“ го вратија водството и во последните десет минути имаа предност и од три разлика.

На крајот на еден разлика 24:23 Еурофарм Пелистер не реализраше два „зицера“ преку Филип Кузмановски и Жарко Пешевски бидејќи Анте Грбавац имаше две одбрани. Сепак голманот на битолчани Хеидарирад го одбрани последниот удар на противникот Алекс Кавчиќ, а притоа ја погоди и празната мрежа на Загреб за конечни 25:23.

Дејан Манасков со 8 голови беше најефикасен, додека кај Загреб Филип Главаш постигна 7 голови.

Македонскиот шампион во следното коло гостува на ПСЖ, а дуелот се игра на 18.септември.

Претходна вестПремиерот Мицкоски денес на увид на реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“ Скопје
Следна вестМедведев по убиството на Кирк: Политички убиства доаѓаат од проукраински либерали