Автопатите ја зајакнуваат трговијата и интеграцијата, кажа Агелер за Коридорот 8

52

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија објави дека амбасадорката Ангела Агелер го обиколила градилиштето на отсечката Тетово-Гостивар од Kоридорот 8, со цел да се информира детално за активностите што ги спроведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10.

Во соопштението се нагласува дека новите автопатски делници не се од клучно значење само за жителите на Северна Македонија, туку исто така претставуваат и стратешки сообраќајни мрежи на НАТО, со кои ќе се зацврсти регионалната економија и поврзаност.

Претходна вестВо Собранието седница на Буџетскиот совет
Следна вестПовторно ќе се отвора средно полициско училиште во Македонија