Во Собранието седница на Буџетскиот совет

104

Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година.

Членовите на Буџетскиот совет ќе расправаат за Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година, за Предлог на стратешки план на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2026 година и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година.

Претходна вестМицкоски на увид во градежните работи на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“
Следна вестАвтопатите ја зајакнуваат трговијата и интеграцијата, кажа Агелер за Коридорот 8