Ужас, тага и болка на автопатот кон Скопје: Страотна несреќа во која животот го загубија 3 лица – едно дете е повредено

2608

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на локација на автопатот кон Скопје каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а едно дете е повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу автомобил и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата сега починати и повреденото дете излетал од патот.

Се преземаат сите дејствија за испитување на причините и на околностите поради кои дошло до контакт меѓу возилата и до несреќата.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот наредено е испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции.

Возилата се одземени за технички преглед на нивната исправност во моментот на сударот, известуваат од ЈО:

За целосно разјаснување на сообраќајната ситуација на лице место беше повикано и стручно лице – вештак од областа на сообраќајот, а дополнително ќе биде изготвено и комплетно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на трагите подигнати на лице место, фотодокументацијата и другите докази.

Претходна вестЦела Македонија го чекаше ова: Дожд во повеќе делови од државата – познато каде веќе врне дожд
Следна вестПрви вести од лице место: Познат идентитетот на трите загинати лица на автопатот Тетово-Скопје