Гори брод во Охридско езеро, во тек е евакуација, јавува новинар на 24info.mk од терен.
На лице место се упатени неколку полициски возила и противпожарна.
Пожарот на бродот е недалеку од пристаништето.
Спорес последните информации, за среќа, екипи на полицијата брзо интервенираа и ги извлекоа патниците на бродот на сигурно.
Засега, не се познати причините за опожарувањето, ниту колкава штета е направена.
Пред неполн месец, брод беше опожарен и целосно изгоре додека беше сместен во каналот Студенчишта.