Виктор Велевски e кандидат за градоначалник на СДСМ за Кавадарци

1083

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денес на прес-конференција соопшти повеќе кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

Меѓу едно од поинтересните имиња, кои го привлекоа вниманието е името на Виктор Велевски, кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Кавадарци, каде ќе му се спротистави на Митко Јанчев, кој веќе неколку мандати ја држи оваа позиција како прв човек на градот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Велевски е млад кадар на СДСМ, кој додека партијата беше на власт беше директор на Студентските домови, а токму во неговиот мандат беа реновирани блоковите во домот Гоце Делчев, а се обезбедија и финансии за реновирање на студентските домови Кузман Ј. Питу и Стив Наумов.

Според чаршиските муабети од Кавадарци, токму Велевски ужива голема доверба и популарност кај младите, кои се разочарани од лошата политика на актуелната власт

Претходна вестКислеа Вода ќе добие нов градоначалник: Горан Трајковски Штраус ќе биде кандидатот на СДСМ
Следна вестРисто Клинсман ја враќа социјалдемократијата во мода во Радовиш: Јас немам што да загубам, може да добие целата Општина