Тажна вест ја потресе Македонија вечерва: Пожар во зграда – едно лице загина, на терен се голем број на пожарникари

2257

Еден човек загина денеска во пожар во Струмица, а телото го пронашле пожарникарите во изгорениот стан на четвртиот кат од зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“ во градот. Нема информации за возраста на починатиот човек.

Противпожарната единица од Струмица соопшти дека околу 15 часот и 30 минути интервенирала со три возила и седуммина пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснале пожарот.

Сите други станови во зградата биле заштитени од огнот, а останатите станари биле безбедно евакуирани.

Причините за настанување на пожарот и смртта на лицето ќе бидат утврдени од надлежните институции.

Претходна вест(ВИДЕО) Гори црква во Илинден – ветрот прави страшни проблеми, зафатени се и неколку куќи
Следна вестМицкоски: Потпишавме договори за 828 проекти за финансирање на општините