Одморот во Грција се претворил во кошмар: Почина 15-месечно бебе

945

Трагедија се случи на Халкидики во вторник попладне, кога 15-месечно бебе, по потекло од Србија, почина откако наводно се задавило со храна, објавува thestival.gr.

Според грчките медиуми, инцидентот се случил во вторник околу 18 часот, а бебето, по потекло од Србија, било во продавница со својот татко (31) и мајка (32) во областа Ормос Панагиас во Ситонија.

Веднаш била повикана брзата помош EKAB, која го подигнала момчето и го транспортирала прво во Здравствениот центар Агиос Николаос, а потоа во Општата болница на Халкидики.

И покрај натчовечките напори на спасувачите и лекарите, момчето за жал починало истата ноќ.

Според првичните информации, нема знаци на криминална активност, но резултатите од обдукцијата ќе ја потврдат точната причина за смртта.

Прелиминарната истрага за овој случај ја спроведува Полициската управа во Полигирос.

Претходна вестБарем е искрен: Министерот за здравство не знае колку лекари во Македонија работат без или со истечена лиценца
Следна вестТребало да се вратат во петок: Откриено што јадело бебето кое се задуши и почина на Халкидики