Општинската организација на СДСМ Струмица вечерва сподели фотографии од како што велат тие, победничката атмосфера од партиски состанок, каде голема поддршка добил кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски.
На состанокот присутни биле само членови на раководството на партијата, советничката група, претседателите на месните одбори и координатори, како и поранешни функционери кои имаат партиципирано низ годините наназад во сите изборни циклуси.
-Идејата и целта се едни, а тоа е голема победа на локалните избори, а претходно посета на секој еден граѓанин, собирање информации, подавање рака. Енергијата на сплотеност и желба за секој еден член биде активиран во изборниот циклус дава огромен ветер во грб за она што следува. Започнавме од денес, продолжуваме до последен ден, заедно. Да живее Струмица, велат од ОО СДСМ Струмица.