Уште една лоша вест од пожарите во Македонија – тешко повреден пожарникар

2360

На 07.07.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Жејковац“ во атар на село Бразда, пожарникарот Б.И.(48) од село Средно Коњари, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл.

„Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, информира МВР.

Претходно, пожарите ја земаа и првата жртва оваа година.

Еден човек загина во големиот пожар што вчера почна во близина на штала во селото Волково, непосредно до железничката пруга. Пронајдено е јагленисано тело, соопшти полицијата.

Во пожарот изгорел и добитокот во шталата.

„На 6.7.2025 година во 18 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки зарасчистување на случајот, се додава во соопштението.

Претходна вест(ВИДЕО) Гори црква во Рамне, Македонски Брод
Следна вест(ГАЛЕРИЈА) СДСМ Струмица со моќна порака: Даскаловски доби апсолутна поддршка – од сите членови