Алкалоид ќе ги рефундира навивачите за неодиграното финале во ЕХФ Купот

165

Ракометниот клуб Алкалоид објави соопштение насочено кон навивачите, односно оние кои имаа купени билети за натпреварот со АЕК во рамките на финалниот двомеч во ЕХФ Купот. Поради неодигрување на средбата, клубот реши да ги рефундира сите средства кон навивачите за билетите.

Алкалоид преку социјалните мрежи се обрати и откри дека сите средства од онлајн продажбата ќе бидат рефундирани автоматски. Од друга страна, оние кои купиле билети во продажната мрежа, ќе треба истите да ги рефундираат со приложување на сметка и билет од каде што се купени.

-Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување.

Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.

Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина, напишаа од скопскиот клуб.

Вистинска штета е што финалето беше одложено, бидејќи Грците ги очекуваше пекол пред полните трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Претходна вестНема нови случаи на мајмунски сипаници, ризикот од ширење е мал, велат од ИЈЗ
Следна вестМлад скопјанец нападнат од роднини на девојка му во Аеродром