Обвинителството ја запре постапката против починатиот управител на “Пулс”

1539

Основното јавно обвинителство Кочани ја запира постапката против Александар Карадакоски, кој денеска почина по повредите добиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во која тој бил управител.

-Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице што претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани, по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност, ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него, соопштија од Јавното обвинителство.

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово потврди дека Карадакоски им подлегнал на повередите во болницата во Литванија, каде што беше на лекување.

Претходна вестПочина Александар Карадаковски, управителот на дискотеката Пулс во Кочани
Следна вестРодителите на починатите во Кочани во сабота излегуваат на марш: Сите медиуми да бидат присутни – да се дознае вистината