Папата е стабилен, има подобрување

54

Ватикан вечерва објави дека состојбата на папата Франциско е стабилна.

Според нив, рендгенската снимка на неговите бели дробови потврдува подобрување во последните денови.

„Клиничката состојба на Светиот Отец остана стабилна и покрај целокупната сложена медицинска слика. Рендгенската снимка на белите дробови извршена вчера радиолошки ги потврди подобрувањата забележани во претходните денови“, се вели во соопштението на Ватикан.

Претходна вестКалевска: Интерпелацијата на членовите на Судски совет е груб упад во една од трите власти
Следна вестМакедонија започна одлично, па загуби убедливо среде Скопје од Словенија