Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата

Во СВР Велес вчера во 13:25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестМицкоски: До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите
Следна вестПо повеќе од 50 години почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“