Мицкоски: До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите

178

До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Бујојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар. 60 километри фронт, решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната Влада во рок од 2-3 години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град. Нормално, тоа е добро и за туристичката сезона во Охрид и останатите туристички центри бидејќи на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до туристичките места во државата, рече Мицкоски.

Претходна вестПијан возач „дувнал“ 1,53 промили во полицискиот дрегер
Следна вестВелешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата