(ФОТО) Голем пожар во зграда во Кисела Вода: Четири лица се повредени

390

Четири лица се повредени, во пожар во зграда во Кисела Вода кој избил доцна синоќа. Во несреќата се повредени двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар.

Еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата биле евакуирани оттаму и пренесени во општинската зграда, информира градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

„Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост – напиша Ѓорѓиевски синоќа на Фејсбук.

Ѓориевски се заблагодари за смиреноста на станарите на зградата, а благодарност упати и до екипите на скопската противпожарна единица и до полицијата.

„Со својата професионалност беа на висината на задачата и поради што пожарот е локализиран, а што е најважно нема човечки жртви“, напиша тој.

Претходна вестРусија ги држи картите во преговорите зашто има освоено многу територија, кажа Трамп
Следна вестНема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова