Сестрата на Фросина: Не сте му помогнале на вашето дете, а сега нам ќе ни нудите помош

1970

Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, Росица, денес се огласи преку социјалните мрежи по прес-конференцијата на родителите на Васил Јованов, возачот кој ја предизвика несреќата.

Росица објави емотивна порака упатена до Ана и Зоран Јованови, која може да ја прочитате во продолжение.

„Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции“, објави Росица.

Претходна вестИгор Југ има тажна судбина: Првиот син му почина на 23 години, вториот не успеа да дочека да си го види
Следна вест(ВИДЕО) Со месеци чувствувале непријатен мирис во нивната стара куќа, па почнале да ја реновираат: Она што го открија под тепих ги остави без зборови