Додека славеле роденден на неговата ќерка му се слошило: Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

3754

Почина Игор Југ, кој издржуваше 12-годишна затворска казна за настаните на „27 април“ и упадот во Собранието. Имаше 54 години.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката. Тврдеше дека никој од осудените не е терорист, ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок.

Во моментот на смртта беше на прекин на издржување на казната поради лоша здравствена состојба.

Тажната вест за „Фокус“ ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.

-За жал информацијата е точна. Му се слошало на роденденот на неговата ќерка по што починал. Тој беше на судски прекин на казната, ни изјави директорот Пандов.

Претходна вестДојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје
Следна вестНеколку часа пред смртта, Игор Југ напиша: Одредена група луѓе ме тераат да го облечам моето друго одело