Дојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје

585

Рано утрово евакуирани се шест училишта поради дојави за бомби, јавија повеќе портали.

Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани. Исто така, медиумите пренесуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба, а дојави за бомба имало и во училиште во Бутел, јави ТВ21.

Се очекуваат подетални информации од МВР.

Во 2022 година безмалку еден месец имаше дојави за поставени помби во скопските средни училишта.

Претходна вестПопусто контроли на МВР низ Скопје – доцна вечерва нова сообраќајна несреќа
Следна вестДодека славеле роденден на неговата ќерка му се слошило: Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода