Веќе осми ден како се трага по исчезнатото момче од Неготино

405

Денеска ќе биде осмиот ден откако почна потрагата по исчезнатиот 28-годишен Миле Тодоров од Неготино. Досега беше најден само неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара. Тодоров последен пат бил виден на 30 јануари во Кавадарци.

Во потрагата учествуваат службени лица, нуркачи, кучиња трагачи, доброволци, се бара со дронови, а беше ангажиран и хеликоптер.

Во време на исчезнувањето, Миле бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек, а се работи за спортски граден човек, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса.

Се апелира, доколку било кој има сознанија за случајот, веднаш да ја извести полицијата.

Претходна вестСопругот ме остави, велејќи дека е уморен од се: Болниот син го воспитував сама, тој трошеше пари на спонзоруши