Ристо Спасов нов претседател на ОО СДСМ Радовиш

236

Долгогодишен член на СДСМ, кој во минатото беше и претседател на СДММ во Радовиш, познатиот градски лик, Ристо Спасов или познат како Клинсман е нов претседател на ОО СДСМ Радовиш.

Одлуката ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Извршниот одбор на партијата, за што соопшти и самиот Спасов:

-Ристо Спасов Клинсман – Претседател на О.О СДСМ РАДОВИШ/

Почитувани членови, симпатизери, другари со одлука на Претседателот Венко Филипче сум избран за Претседател на нашата О.О.

Претседателот е Доктор ХИРУРГ па хируршки прецизно избра кој треба да го води СДСМ Радовиш.

Ми претставува голема чест, но и уште поголема одговорност да бидам ваш Претседател.

Пред мене и пред сите нас е голем предизвик од кои сплотени сите заедно ќе излеземе како победници, напиша Спасов.

Претходна вестСтрашни сцени во Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро
Следна вестФОТО: Нова тешка сообраќајка во Скопје