Страшни сцени во Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Најмалку 11 лица се убиени во пукање во училиштето во Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата.

Еден од загинатите е и 35-годишниот напаѓач, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашната престрелка.

„Сè уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека не може да се исклучи бројот на жртвите да продолжи да расте, бидејќи информациите за состојбата на повредените пациенти кои се на болничко лекување се исто така нецелосни, јавува шведската јавна телевизија СВТ.

Претходна вестТодор откри што прво направил Васил откако ја прегазил ќерка му Фросина: Можеби е иронија или пак судбина
Следна вестРисто Спасов нов претседател на ОО СДСМ Радовиш