Таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, Тодор Кулаков, вечерва во Дневникот на Сител проговори за најтешките денови кои ги поминува тој и неговото семејство.
Меѓу другото беше прашан дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.
– Дали е иронија на судбина или не знам што е, веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, тој колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи, „Партизанска“ е празна.
Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, не беше, вели тој за Сител ТВ.