Момчето на Фросина со потресна порака: Нашите планови ги срушија за миг, но ќе се борам за правда

2339

Петар Ристов, момчето на 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова, сподели емотивна порака на своите социјални мрежи.

Во објавата тој истакна дека, без разлика на сè, ќе продолжи да се бори за правдата и ќе даде се од себе за да ја изнајде вистината.

Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај сè додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и нè зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“, пишува Ристов.

Погледнете го видеото – клик ТУКА

Претходна вестСи ги пресекла вените, а битолчанец ја тепал и додека била беспомошна
Следна вестБоки 13 одново хоспитализиран – има лоши вести: Мојот организам лошо ја прифаќа терапијата