Шок вечерва за сите: Лазаров со последен натпревар на клупата на Македонија?! Секогаш сум тука, ама се зависи од други луѓе

10506

Кире Лазаров го имаше своето најуспешно натпреварување како селектор на Македонија, а нашата ракометна легенда не го криеше задоволството од резултатите и играта на националниот тим во Вараждин.

Тој беше именуван за селектор од страна на Живко Мукаетов, а ако се знае дека успешниот бизнисмен се повлекува од претседателската функција во РФМ, се уште е неизвесно дали Лазаров ќе остане на кормилото на националниот тим и во иднина.

„Се уште е рано да давам конкретен одговор дали ќе останам селектор или не, ајде нека се оладат главите, сите да размислиме… Едно треба на сите да им биде јасно, јас сум секогаш тука за Македонија, сум бил тука повеќе од две децении и така ќе биде и во иднина. Ајде прво да почекаме да видиме што ќе се случи, кој ќе дојде на чело на федерацијата. Јас сум човек со план и визија, ќе се сретнам со новото раководство и ќе им претставам како јас ја гледам иднината, па ќе ги слушнам и нивните размислувања. Како што реков, јас сум овде за македонскиот ракомет и секогаш ќе сум тука за да помогнам, без разлика дали како селектор или во некоја друга улога. Ќе видиме што ќе се случува во наредниот период, вечерва е прерано да се даде конкретен одговор за иднината“, изјави Лазаров.

Следен предизвик за македонската репрезентација ќе биде двомечот со Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

Претходна вестМалата Мила од Скопје има проблем со срцето: Помогнете ми, потребни се 10.000 евра – најголема желба ми е да можам да спортувам и еден ден да бидам позната одбојкарка
Следна вестТрагедија во Неготин: Љубовницата му фрлила киселина „врз машкоста“ и го убила саканиот, затоа што не сакал да се разведе од сопругата