Новоизбраниот претседател на САД, 78-годишниот Доналд Трамп и неговата сопруга, 24 години помладата прва дама Меланија Трамп, повторно се во центарот на вниманието на светските медиуми.
Доналд Трамп положи заклетва како претседател на 20 јануари точно напладне. По церемонијата на инаугурација, гостите се упатија кон Капитол на свечен ручек, организиран од Конгресниот комитет за инаугуративни церемонии.
Ова е прв инаугуративен ручек од 2017 година, бидејќи тој од 2021 година беше откажан поради пандемијата на коронавирус. Трамп за време на ручекот седел до Меланија (54) со скрстени раце, гледајќи во далечината, додека нејзиниот израз не можел јасно да се види поради капата што не ја симнала цел ден.
Меланија Трамп останува единствената прва дама во историјата на САД која има уметнички фотографии во својата биографија, на кои позира оскудно облечена или целосно гола, што во тоа време се сметаше за иновативно.
„Таа е популарна, брилијантна и убава жена“, изјави тогаш Доналд за GQ, гордо коментирајќи ја кариерата на Меланија. Погледнете ги фотографиите ТУКА.