Ситуацијата сериозна во Македонија: Раст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања

3264

Од групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се 22 заболени лица. Пријавени се седум случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатит Б, пет на вирусен хепатит Ц и четири на инфекција со хламидија.

Евидентирани се и четири случаи на голема кашлица и два на заразни заушки.

Првиот случај на заразни заушки е на возраст од осум години од Ресен, невакциниран. Вториот случај е дете на возраст од 10 години од Гевгелија, комплетно вакцинирано. Во двата случаи дијагнозата е клинички потврдена.

Во декември, пријавени се два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години.

Шест случаи на Ковид-19 се евидентирани во последниот месец од 2024 година.

Претходна вестВечерва страотна несреќа во Македонија: Камион, автобус и повеќе автомобили се судрија – затворена за сообраќај скопската обиколница
Следна вестАгнеса го има решениeто за газдите кои барат работна сила: Нуди работници од Индија, Непал и Бангладеш