Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија

149

Голем број дојави има за поставени бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија, јавија бугарските медиуми. Дојавите се испратени по мејл и на телефонот за реакција на итни случаи (112), изјавија од МВР на Бугарија за ТВ Нова.

Станува збор дојави примени во образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Полицијата веднаш реагирала со испраќање тимови за проверки.

Учениците се изнесени од училиштата.

Претходна вестКривична пријава за затајување на данок и штета на Буџетот од 11 милиони денари
Следна вестПочина легендарната ТВ спикерка во Македонија – Снежана замина во вечноста