11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп

990

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените.

Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски. Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Претходна вестТаравари се шета во Вашингтон – додека на Онкологија нема биолошка терапија
Следна вестВисоки бројки: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија