Три млади животи згаснаа – голема тага за тинејџерите кои настрадаа во Рашка

369

Во две одвоени сообраќајки загинаа тројца тинејџери, а општина Рашка прогласи дводневна жалост. Н.Г. (16) од Јошаничка Бања загинал кога тракторот му се превртел додека вадел дрва од шума, додека Нина Пауновиќ од Рашка и Давид Вукадиновиќ од Шупањ биле пронајдени мртви во автомобил во гаража.

Жителите на Рашка се видно потресени, а како што рече локалната жителка Лола Пузовиќ, нема зборови со кои може да се опише денешната тага.

-Овде се случи голема трагедија, тажно е небото над Рашка, тажно е Рашка, сите се тажни. Многу е тешко и емотивно. Наместо денешното прво ѕвоно по паузата, на училиште имаше солзи и липање. Децата беа прекрасни, работев во градинката во која одеа. Загубени се три млади животи, тоа е голема тага и загуба за цела Србија. Рашка ќе ги памети додека сме живи – изјави Пузовиќ за „Курир“.

Да потсетиме, Нина Пауновиќ и Давид Вукадиновиќ наводно биле во интимна врска и биле пронајдени пресиноќа во доцните вечерни часови без знаци на живот во автомобил Фолксваген Поло во гаража.

Нина Пауновиќ и Давид Вукадиновиќ синоќа биле пронајдени во автомобил во гаража без знаци на живот, а како што потврдуваат од МВР, се задушиле во автомобилот поради труење со издувни гасови.

Итната помош на Здравствен дом Рашка во 02.50 часот презела две лица на возраст од 17 и 15 години, а во 03.15 часот е констатирана смрт.

Како што претходно објавија медиумите, во автомобилот кој бил исклучен имало момче и девојка за кои се претпоставува дека се во љубовна врска.

Претходна вестСите останаа без збор: Палчо имал барање и идеја како да го закочи судењето против него – еве што се случи
Следна вестПожар во старечки дом во Македонија – сместени се 30 лица, има и персонал: Во тек акција за спасување