Димитријевиќ: Kонсолидација во СДСМ заврши, следува друга фаза – активности на терен, партијата ќе јакне!

225

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија, откри многу новитети поврзани со опозициската партија. Како што кажа и самиот тој процесите за консолидација во СДСМ се завршени, влегуват во друга фаза, ги интензивираат активностите на терен и партијата ќе продолжи да јакне и да се менува.

-Од идеолошки причини се вклучив во политиката како млад човек, да ги променам работите во државата на подобро, младите да останат дома и тука да ја градат својата иднината. Воден од прогресивните идеи на современата социјалдемократијата се зачленивив во СДСМ, рече Димитријевиќ.

-Секоја промена почнува од младите и со мојот политички ангажман силно ќе ги поддржувам. Полека но сигурно младите го добиваат својот глас во партијата но и во општеството, додаде генералниот секретар на СДСМ.

Претходна вестДетали за хоророт: Мајка со ќерката (3) влегла во Сава и ги повикала семејството и полиција
Следна вестСамо во Македонија: Бебиња-близанци починале од премрзнатост и глад