Борче денес на патарина кај Скопје бил проморан да чека, која ја дозна причината – напиша статус

2148

Борче Стаменов, човекот кој ја создаде организацијата „Донирај Компјутер“ и кој донесе многу насмевки пред се на млади дечиња, се реши да открие како му поминал денот. Имал ситуација, во која на патарината во Скопје морал да почека 15-тина минути, а сето тоа и што се случувало го објасни преку статус.

Прочитајте во продолжение:

Денес на враќање од Скопје некои 10-15 минути кисневме на патарина за да поминат некои политичари. Задоцнив и на работа ама шо има везе коа сум небитен. И сеа гледам дека уствари сечеле ленти замислете за 15 километри автопат шо искрено не знам колку време се гради. И океј, го напраиле.

И гледам цела факинг фотосесија ко мислиш пуштаме сателит во вселената. И си викам ако океј нека се фалат. Кликам следна слика и гледам бина, звучници, декорации, ножици на перниче за 15 километри автопат еј!

И кликам уште еднаш напред и гледам на овие снегови и студови собрале стотина души изнадотерани, со фризури, со сфе. И вака си мислам види ги бе сиротки, шо нема да напраат за вработување и слика со дилерот, овај лидерот де.

Претходна вестЛоши вести од македонскиот затвор: Осуденик нападнал полицаец
Следна вестВечерва во Македонија: Вее снег на овие места – температурите се под нулата