Мицкоски: Големите трговци да си го преиспитаат однесувањето, срамота е ова што го прават пред празниците

318

Премиерот Христијан Мицкоски најави робусна и жестока акција на инспекциите бидејќи, како што вели, дел од маркетите шпекулираат и се служат со трикови со мерката „новогодишна кошничка“.

-Јас со трикови не функционирам. Тие кои што мислат дека ќе прават трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на производите што ги користат граѓаните како што се маслото, јајцата, шеќерот, сол итн…Трикови не може и оваа Влада нема да толерира. Жестоко ќе се справиме со овие кои што мислат дека не надмудриле, рече Мицкоски.

Тој апелираше до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето. Според Мицкоски, срамота е ова што го прават пред празниците.

-Сакавме да се договориме и преку добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно. Ќе побарам вонредна инспекција, додаде премиерот.

Во дел од маркетите, при почетокот на мерката „новогодишна кошничка“, цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари. Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување. Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.

Претходна вестМатилда: Мајка ми ми остави благослов да се омажам за мојот полубрат
Следна вестАјфеловата кула во пламен: Евакуирани 1.200 луѓе!