Мицкоски: Не сакам да шпекулирам каде е Груби, но факт е дека не бил чиста како солза

31

Иако првично се зборуваше дека избеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби е на Косово, а потоа во Албанија, до сега нема информации каде се наоѓа од МВР и истражните институции. Ниту премиерот Мицкоски не знае каде е Груби. Тој рече дека не сака да шпекулира, но го повика да се врати пред лицето на правдата.

Во меѓувреме, СДСМ продолжува да го обвинува министерот за внатрешни работи Тошковски дека не можел да го најде Груби и дека дозволил да избега. Од опозициската партија велат дека Тошкоски и ВМРО-ДПМНЕ сами ги креирале сценаријата, а на Груби му овозможиле да ја напушти државата.

“Денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност”, велат од СДСМ.

Од друга страна, ДУИ го повторува барањето да се врати во собраниска процедура законот за рестриктивни мерки со кој се предвидува да се применуваат мерки за лицата кои се на црната листа на САД. Мерките предвидуваат доколку бидат на функција да бидат разрешени, да им се забрани учество во јавни набавки и да им се одземе незаконски стекнатиот имот. Овој предлог закон не беше разгледан во Собранието иако оваа институција беше предводена од Талат Џафери.

Претходна вестПланинскиот човек Дане: Ме принудуваат да продавам ефтино бидејќи знаат дека имам мало бебе
Следна вестРедакција на ИРЛ со фрапантни откритија за злоупотреба на брзи кредити