Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш

914

Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.

Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета.

Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1.

Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.

Студентите во Србија најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.

Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.

Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патишта бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.

На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград.

Претходна вестОние што сакаат да забременат нека избегнуваат работа денеска, се празнува Зачнувањето на Св. Ана
Следна вестКонфекција во Свети Николе нуди пари на своите вработени ако донесат нов работник – познато колкав бонус ги очекува