Канал 5: Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров

14925

Наведените лица немаат доставено барање до Министерството за финансии и аналогно на тоа Министерството за финансии нема издадено дозвола за приредување на наградна игра согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, пренесува Канал 5.

Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, во понеделник надзорните органи во состав на Министерството за финансии ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување на нерегуларности ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.

Сакаме да напоменеме дека МФ издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи. Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува се почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација, додаваат од Канал 5.

СЕ ОГЛАСИ И САМИОТ СТЕФАН ЛАЗАРОВ

Преку неговиот Инстаграм профил, се огласи и самиот јутјубер Лазаров кој ги демантираше овие наводи, кажа дека продолжува со својата работа и дека се е легитимно. Посочи дека се прави хајка против него. Целото обраќање може да го погледнете на неговиот профил.

Претходна вестМоника Станојкова: Моето име е голем бренд
Следна вестТригодишно дете се затруло од таблети