Германија и Австрија со експресна реакција- од денеска не примаат барања за азил од Сиријците

43

Владата во Берлин одлучи да престане да прифаќа барања за азил од сириски граѓани.

Германската агенција ДПА соопшти дека оваа одлука ќе стапи на сила веднаш.

Малку порано австриски „Кроне“ објави дека и австриската влада одлучила да ги стопира сите барања за азил поднесени од државјани на Сирија. Во исто време, властите во Виена одлучија да ги стопираат барањата за обединување на семејствата поднесени од сириските граѓани.

Повеќе од 6,2 милиони бегалци ја напуштија Сирија во последните 13 години од граѓанската војна во земјата. Голем дел од нив дошле во Европа преку Турција.

Одлуката на Германија и Австрија да престанат да добиваат барања за азил од сириските граѓани уследи по помалку од 72 часа откако опозициските сили маршираа во Дамаск, што доведе до бегство на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој со семејството доби азил во Русија.

Претходна вестПретседателот Асад избега од државата – бунтовниците во Сирија го освоија Дамаск
Следна вестАхмети до Мицкоски: Не чепкајте во с’ржта на Албанците бидејќи не е добро ни за вас ни за нас