Младеновска: Владата треба да обезбеди поголема минимална плата

61

Кога се платите на работниците во прашање Христијан Мицкоски се прави како да не е од тука, само за да не преземе одговорност затоа што нема поголеми плати. Каков е тој став на премиер кој вели минималната плата друг да ја договори? Вакво бегање од одговорност досега е невидено, изјави на прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска.

-Кога е за платите во Влада, Мицкоски не остава на друг да се договори ама, кога е за платите на работниците има поинаков аршин. Сите Влади на СДСМ досега биле на страната на работниците и ги покачувале платите секоја година. Така минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари. СДСМ и како опозиција бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и веќе наредната година да биде 30.000 денари, затоа што работниците тоа го заслужуваат.

Затоа токму СДСМ поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Значи Владата на Мицкоски бидејќи не сака ништо да направи, нека побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот. Само едно стискање на копче на пратениците и ете поголема минимална плата за работниците. Но проблем е што Мицкоски не сака и не се грижи за работниците туку ги третира како евтина работна сила.

Со ваков арогантен однос на Мицкоски неговата Влада работниците ќе осиромашуваат и понатаму, рече Младеновска.

Претходна вестПадна одлука: Третоодделенецот ќе учи онлајн, прекин на бојкотот на наставата
Следна вестПрофесорка во средно училиште падна поради елитна проституција: Уапсени четири жени и макро