Падна одлука: Третоодделенецот ќе учи онлајн, прекин на бојкотот на наставата

440

Дали е тоа паметна одлука? Јавноста огорчена од ова решение. Зарем ова дете ќе има успешна иднина, доколку вака се постапува кон него?

Во текот на денешниот ден во училиштето Лазо Ангеловски во Скопје беше присутен нов тим составен од страна на Центарот за социјални работи, за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со кој се соочуваме.

„При тоа се донесе Заклучок со препорака детето да продолжи со online настава до крајот на полугодието со цел меѓувреме да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Со оглед на денешниот развој на ситуацијата, нашите барања детето да не биде физички присутно во училиштето се прифатија. Целта на бојкотот на наставата е постигната. Сега понатаму интензивно институционално ќе се решава проблемот, а ние имаме услови да го прекинеме бојкотот и децата да продолжат нормално да следат настава“, соопштија надлежните.

Соопштение испратија и родителите во кое известуваат дека бојкотот е прекинат и дека децата се враќаат од вторник во редовна настава.

-Колку е труло нашето општество покажува денешната одлука на надлежното министерство. Да донесете одлука дете од трето одделение да следи онлајн настава е рамно на убиство на еден детски живот. Не сте свесни дека уште толку го затворате, ограничувате и наведувате да го мрази општеството околу него. Ако неговите родители се проблем имате институции кои се надлежни да помогнат и да го изведат детето на правиот пат. КОИ ОГРАНИЧЕНИ ЛУЃЕ НЕ ВОДАТ, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.

Претходна вестИ го забил ножот во градите: Милица ја убил нејзиниот сопруг Англичанец, во солзи се огласи и нејзината мајка
Следна вестМладеновска: Владата треба да обезбеди поголема минимална плата