Деца и трудници сè уште се заглавени кај Леуново и Никифорово, снегот не е расчистен

1555

Сѐ уште има заглавени лица во Леуново. За ова сведочат и фотографии кои се споделени на Фејсбук.

„Еве ги граѓаните што останаа по своја желба во Леуново. Во моментов сме повеќе од 25 возила, меѓу нас има трудници и мали деца! Патот кон Бунец е непрооден, пријавено е во сите служби, ниту една не реагира!!! Makedonijapat Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management АМСМ Општина Маврово и Ростуше”, пишува Симона Стефановска, една од заглавените.

Ова место беше затрупано со снег за време на викендот. Висината достигна до 60 сантиметри.

Претходна вестВисока државна функција за Јелена Карлеуша: Поп дивата откри за што се работи
Следна вестТошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација