Курти: Нападот на Србија на каналот Ибар-Лепенец наликува на руските напади во Украина

34

Косовскиот премиер Аљбин Курти денеска изјави дека Србија се обидела да ги остави граѓаните на Косово без вода, струја, парно и без комуникација со нападот на каналот Ибар-Лепенец кај Зубин Поток.

Тој оцени дека овој напад е сличен на руските напади во Украина.

Тој рече дека целта е да се остави голем дел од државата без вода, на студ и без комуникација.

„Се чини дека овој напад е поврзан со масовните напади на Руската Федерација врз Украина, врз енергетската инфраструктура“, рече тој.

Според него, целта е „конечно населението да се доведе до минимални витални услови за егзистенција и да се наштети на животот и безбедноста на граѓаните“.

„Истовремено, имаме напади врз објектот на општина Звечан“, рече Курти.

Тој презентираше фотографии од некои воени амблеми, кои, како што рече, се руски амблеми кои косовската полиција ги конфискуваше вчера на северот на Косово и дека припаѓаат на специјализирани единици кои вршат специјални воени операции.

„Нашата земја е мета на различни хибридни форми. Во септември 2023 година, нападот на Бањска беше насочен кон анексирање на северот на Косово. Покрај дезинформациите, на хибридната војна сега и се приклучи и кинетички напад“, рече тој и додаде, „излеговме како победници, бидејќи државата силно и брзо реагираше“.

Јавните институции за два дена докажаа дека повторно се на врвот на обврските, за што сме благодарни“, рече тој.

Тој оцени дека „слободата на главниот терорист Милан Радоичиќ во Србија“ и неговата отворена заштита од српските власти е поттик за другите да извршат терористички напади на Косово.

„По нападот на Бањска следуваа и други напади. Овие настани докажуваат дека Србија не презела ништо за да го спречи тероризмот“, додаде тој.

Курти рече дека најдобро би било војската на Косово да оди на север, но дека тоа е невозможно поради обврските преземени во 2013 година од поранешниот премиер на Косово, Хашим Тачи, за кои е потребна согласност од командантот на КФОР за заминување на припадници на КБС.

„Ние го почитуваме писмото на мојот претходник, иако ниту го поздравив, ниту го сакав, но го почитуваме. На северот на Косово го имаме КФОР и косовската полиција. Дали би било подобро, побезбедно да има косовска војска? „Да, но ние го почитуваме тоа ветување на нашите претходници“, рече тој.

Претходна вестЏастин Сун конечно ја изеде бананата што ја плати 6,2 милиони долари
Следна вестУкината забраната за тешки товарни возила на превојот Ѓавато