Утре e голем христијански празник – ова никако не смеете да го правите

0
1926

Утре е Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска.

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби.

Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи.

Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар.

Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби.

Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби.

Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.

Според народните верувања од 16 до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.

Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.

За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пери.

Кројачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.

Тропар

Мачениците Твои, Господи, во своите страдања примија нетлени венци од Тебе – нашиот Бог. Имајќи ја, пак, Твојата поткрепа, ги победија мачителите и немоќната дрскост на демоните ја скршија. По нивните молитви, спаси ги душите наши.

Кондак

Откако најдовме прибежиште во твојата брза и непобедлива заштита, Христов страдалнику, ние верните кои те воспеваме, молиме да се избавиме од вражјите соблазни, и од секакви несреќи и опасности, за да повикуваме: Радувај се, маченику Георгие!