Неговиот живот не е загрозен: Раде Штекли преживеа уште еден обид за ликвидација

583

Раде Трајковски – Штекли е стабилен и вон животна опасност, откако утрово во дворот од семејната куќа му била фрлена експлозивна направа, изјави за „Слободен печат“ директорот на ГОБ „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов.

Тој вели дека сè уште траат испитувањата, но Трајковски е вон животна опасност.

Како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи, утрово во 9:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

Во експлозијата е повреден Штекли и е пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Домот на Штекли всушност се наоѓа зад трговскиот центар „Ист гејт“, каде што тој два пати беше мета на напад.

претходниот член,По експлозија на бомба, повреден е Раде Штекли
Следната статијаХОРОР: Мајка од Свети Николе 4 години ја наведувала малолетната ќерка на проституција!