На пациентите на интензивна нега им даваат пиво – оваа болница направи голема револуција во здравството

0
6552

Како дел од клиничката студија, Универзитетската болница во Базел им препишува пиво на пациентите на интензивна нега за лекување на ефектите од делириум.

Случајно избрани пациенти добивале половина литар пченично пиво преку стомачна цевка секоја вечер во текот на шест дена, додека на другите пациенти им давале само вода, со цел да се споредат двете групи. Образложението е дека многу луѓе се навикнати да пијат пиво или чаша вино навечер како дел од нивната нормална дневна рутина.

– Една од можните причини за делириум е алкохолот кој пациентите редовно го консумираат во многу мали количини. Ако веќе не го примаат, стануваат поподложни на делириум – изјави главниот лекар на одделението за интензивна нега во болницата, Мартин Зигмунд, за швајцарскиот јавен сервис СРФ.

Делириум е состојба на дезориентација која ја доживуваат многу пациенти на интензивна нега и која предизвикува стрес, пренесува Swiss info.

– Пациентите се збунети. Тие веќе не знаат каде се. На пример, тие можат да мислат дека се во Париз или дека сакаат да ги видат своите деца иако ги немаат – изјави Сигемунд.

Оваа ситуација е голем предизвик и за медицинскиот персонал и роднините, кои немаат друг избор освен да се обидат пријателски да разговараат со пациентот, но тоа не може да го спречи делириумот. Зигемунд изјави дека прашањето за согласност на пациентот исто така било разгледано за време на клиничката студија, особено затоа што некои се во несвест.

– Во ретки случаи може да побараме пациенти на интензивна нега. Во законот за истражување има став кој ни овозможува да спроведеме ваква студија – рече тој.

Од истражувањето биле исклучени одредени категории на пациенти, како бремени жени или лица кои претходно имале проблем со алкохолот или на кои не им е дозволено да консумираат алкохол од религиозни причини. Околу 40 проценти од пациентите во итната помош страдаат од делириум.

Студијата во Универзитетската болница Базел се очекува да трае до 2027 година. Првите резултати се очекуваат по најмалку една година.