Доналд Трамп победи во Џорџија, втората од седумте клучни „превртливи“ држави кои го решаваат победникот на американските претседателски избори.
На последните избори, Трамп ја изгуби Џорџија од Џо Бајден.
Прва од клучните победи беше Северна Каролина, а води во Пенсилванија, онаа која се смета за најважна од клучните држави.
„Имаме уште гласови за броење, уште држави кои не се решени. Затоа вечерва нема да ја слушнете потпретседателката, ќе ја слушнете утре,“ им соопшти на симпатизерите на Камала Харис собрани за забава, Седрик Ричмонд, еден од главните во нејзината кампања.
Потпретседателката Камала Харис нема да им се обрати на приврзаниците вечерва, но се очекува да зборува утре, рече копретседавачот на нејзината кампања, додека изборните резултати од целата земја продолжуваат да доаѓаат.
После четири години, републиканците повторно го презедоа мнозинството во Сенатот, објави Асошиејтед прес. Доколку Доналд Трамп победи, тие ќе бидат во позиција да ги потврдат неговите судии од врховниот суд, федералните судии и именуваните на функциите во кабинетот. Ако Камала Харис ја освои Белата куќа, тие можат да ги задржуваат или целосно да ги блокираат нејзините предлози.