Втората снимка од несреќата во Нови Сад покажува важен детал кој не беше познат досега

720

Синоќа беше објавено второто видео од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, а на него може да се види важен детал кој јавноста немаше можност да го види на првото видео кое беше објавено на првиот ден од трагедија.

Првата снимка е од самата зграда и од таа перспектива може да се видат луѓе кои поминуваат, доаѓаат и си одат, некои седат на клупи, стануваат и потоа настрешницата паѓа и пропаѓа се под неа. Од таа страна не може да се види како всушност се случила трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, па не може ни јасно да се види каде почнало пукањето и како настрешницата паднала врз несреќните луѓе.

Второто видео кое беше објавено вчера дава нова перспектива и нов поглед на целата трагедија. Тоа точно покажува од каде почнува се.

По прегледувањето на видеото, со внимателно гледање, јасно се гледа дека уривањето почнало прво од десниот крај на настрешницата, по што се руши и остатокот.

Бетонскиот покрив паѓа и челичните тегови што ја држат попуштаат пред да падне. Тие се откачени од покривот на кој биле прицврстени и исто како и настрешницата, прво попуштаат оние од десната, а потоа и оние од левата страна.

Сето ова предизвикува целосен колапс и за дел од секундата целата настрешница е на земја.

Претходна вестБебе старо осум дена почина на Педијатрија во Скопје – Мемеди вели секојдневно умираат деца низ клиниките
Следна вестЈа задавил со двете раце, па самиот се пријавил во полиција: Детали за убиството на 29-годишната штипјанка: