Лоша вест ја потресе Македонија: Се судрија „сеат“ и трактор – на лице место загинал возачот на тракторот

9102

Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на патот Струмица-село Баница – село Вељуса во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој се превезувал со него е повреден.

Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираа дека денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р. (72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“ управувано од починатиот Д.С. (43) од село Баница.

– Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица – информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а во расчистувањето на последиците од сообраќајната несреќа учествувала и екипа на ТППЕ Струмица.

претходниот член,(ВИДЕО) Гордејте се Македонци: Песниште на Антониа Гиговска кое мора да го слушате – „ЖЕНА“
Следната статијаПочина Дарио: Неговата бремена сопруга и трите мали деца сега имаат потреба од помош