Македонија и Македонците мора да се гордеат и да му дадат апсолутна поддршка на овој хит. Песната на Антониа Гиговска направи вистински бум, а како да не биде така?! Вистинско ремек-дело.
Македонската пејачка Антониа Гиговска го објави видеозаписот за песната „Жена“, со која се претстави на годинашното издание на музичкиот фестивал „Макфест“.
Музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а текстот на песната е на Магдалена Цветкоска.
Во видеозаписот Гиговска се појавува со нов имиџ со кратка коса и смела црвена креација.