Не се бави повеќе со политика: Јован Деспотовски од СДСМ започна нов работен ангажман

702

Јован Деспотовски, поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, на социјалната бизнис-мрежа Linkedin објави дека започнал да работи како главен извршен директор во компанијата ТФ Капитал Скопје.

Доскорешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ отвори свој приватен бизнис за кој засега не сака да изнесува детали во јавноста.

Деспотовски сам поднесе оставка како директор на дирекцијата која раководи со слободните индустриски зони, не чекајќи да биде заменет со нов управител од новата власт. По нешто повеќе од два месеци е сопственик на претпријатие за „управувачки дејности“. Тој од средината на септември е основач на новоформираното друштво за услуги и управување „ТФ Капитал“ во скопско Пржино.

претходниот член,Лаура откри метод со кој може да заштедите 48.000 евра
Следната статијаКаде ќе оди само ова дете? ОВАА жена ја видела Данка Илиќ – ја откри и причината зошто не и се доближила